Николиќ: Европа е „нужно зло“
Европа е „нужно зло“ и не е можно да биде управувана без соработка со Русија и со Европската унија, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за Спутник, кое го пренесува белградскиот весник „Блиц“.
- Во Србија нема еврофанатици, може не има нас, русофилите, но вистински еврофанатици нема. Затоа на сите ни е јасно дека Европа е нужно зло, дека ние сме во Европа, дека сме опкружени од ЕУ, дека од Втората светска војна Европа преку различни влијание се мешала во Србија, дека многу наши соработници работат во Западна Европа, дека доаѓаат оттаму со приказни за начинот на живот, за цивилизацијата и заштитата, законска и судска, нагласи српскиот претседател.
Тој додаде дека Србија ќе преговара за да ги исполни условите на ЕУ, но напомена дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово.
Ново на Сител
-
Ахмети: Доколку се утврди вина Груби сам ќе се повлече од ДУИ
-
Пронајдена дрога при претрес во Струга
-
Лукман: Покажавме дека можеме да се носиме со Реал Мадрид
-
Оклахома го совлада Далас и се пласираше во полуфиналето на НБА Купот
-
Норвешка нема да гласа за домаќини на СП 2030 и 2034
-
Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО