Македонија
13. December 2024 - 16:54

О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години

Екологистите бараат државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години. Според нив, овој тип на автомобили допринесуваат за аерозагадувањето со над 200 најразлични токсични честици кои ги испуштаат во воздухот. О2 поддржани од 10 граѓански организации,  поднесоа барање до Владата да се ограничи и увозот на нови возила со минимален ЕУРО6 стандард. 

Ова е само еден дел од решението на проблемот велат од О2, бараат од надлежните да го регулираат и јавниот превоз но не само автобусите туку и возилата кои ги користат таксистите. 

Претходно О2 реагираше дека нема конкретни мерки ниту на централно ниту на локално ниво, а предлозите за амандмани на буџетот во таа насока не биле процесиурани за да се обезбедат дополнителни средства за следната година. Револтирани од рекордите кои ги руши државата со загадениот воздух, еко активистите одржаа и  протест во средата.