Николоски: Се работи на План за рационализација во Пошта од 1900 на 1400 вработени
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот Бизнис Муабети.
- Пошта мора да преживее. Тоа ми е огромна битка иако многумина не сакаат. Пошта има околу 1900 вработени, планираме да ја рационализираме на 1400 вработени со еден план што го работиме, но мора да преживее затоа што има големи приватни интереси кои сакаат Пошта да колабира. Тоа се приватните пошти. Но нема да дозволиме, изјави Николоски.
Тој минатата недела најави дека очекува промени и во Агенцијата за пошти за да се провери како се давани лицеци на приватни пошти кои, како што рече, работеле на уништување на нацоналната Пошта.
Откако го решивме проблемот со платите сега одиме со стабилизација, таму имало доста лоши решенија кои ги менуваме. Паралелно очекувам деновиве промени и во Агенцијата за пошти да провериме како се давани одредени лицеци на приватни пошти кои буквално работат од подрум со цел да ја уништуваат Македонска Пошта и сум убеден дека веќе следната година квалитетот ќе оди многу нагоре и првпат после многу многу години МП ќе искажат добивка. Во однос на централниот објект имаме договор со Делегацијата на ЕУ во Скопје и Министерството за култура и ќе стане многу убав мулти медијален центар во следните две до три години, најави Николоски, коментирајќи го тврдењето што го изнесе неодамна дека претходното раководство планирало да го направи кабаре централниот објект на Пошта.
Ново на Сител
-
Во Тетово при претрес пронајден кокаин, приведен 35-годишен тетовец
-
Бектеши: Индивидуалните акти ги осудуваме и сакаме да дадеме позитивни пораки за зацврстување на меѓуетничките односи
-
Две жртви во сообраќајна несреќа кај охридското село Ботун
-
Викедов студен бран и врнежи од снег и дожд
-
Забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег
-
Сиљановска Давкова: Нема поголемо богатство од човечкиот капитал, неопходни се мерки за задржување на младите
-
Коцевски: Ако евентуално сум згрешил условите за мое разрешување се содржани во Законот
-
Тошковски: Уапсени осум лица за инцидентите со македонското знаме