Loading Video...
Свет
27. November 2024 - 16:47

Нова Комисија, стари правила

Урдула фон дер Лаен е реизбрана за претседателка на Европската Комисија. За неа и нејзиниот кабиент гласаа 370 европратеници односно таа доби поддршка од само 54 отсто што е најмало мнозинство во историјата за еден нов состав на Комсијата,  Ова е втор мандат на фон дер Lаен на чело на извршната институција на Европската унија.  Комсијата брои 27 члена, од кои шестмина ќе бидат потпретседатели, додека 20 ќе бидат еврокомесари.

Пред гласањето Фон дер Лаен имаше свое експозе од 40 минути, во кое зборуваше за идните предизвици особено за безбедноста на Европа во конкетст на агресијата на Русија врз Украина. Староновата еврокомесарка вети поголеми инвестиции во одбраната, намалување на загадувањето, дигитализација. Таа го спомна и проширувањето на Унијата.

„Сонот за Европа се протега на Западен Балкан, Украина, Молдавија и пошироко. Ја видовме храброста на народот на Украина во продолжувањето на своето европско патување. Ја видовме издржливоста на народот на Молдавија да ја задржи својата европска иднина. Ја видовме посветеноста на Западен Балкан за реформи, раст и подготовка за влез во нашата Унија“, видовме дека Русија нема да застане на ништо за да ги спречи од европската иднина. Но, почитувани претставници, посветеноста на Европа кон овие земји секогаш ќе биде посилна. Нека нема сомнеж, ние ја сакаме Украина како дел од Европската унија.

Со регионот на Западен Балкан од новиот состав на ЕК ќе се занимаваат Марта Кос од Словенија, која ќе биде комесар за проширување и Каја Калас од Естонија, која ќе биде на чело на надворешната политика на ЕУ. Токму Кос, веднаш по изборот ја кoментираше и македонската евроинтеграција, повторувајќи дека од Македонија се очекува да ги донесе уставните измени. Сепак, Кос рече дека не може да даде одговор на прашањето дали може да се дадат гаранции дека повеќе нема да има блокади. Таа вети дека ќе се разговара што е можно повеќе со Скопје и Софија.

Да се зборува, што е можно повеќе, и со Северна Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Северна Македонија,... Моето назначување мислам дека е позитивно за Западен Балкан, ќе имам блиска и тесна соработка колку што е можно повеќе со државите, кои се подготвени да влезат во ЕУ, да ги посетам сите, навистина да работиме за нивен влез во ЕУ

Новиот известувач на Европскиот парламент за Македонија Томас Вајц пак, вели дека во новата македонска Влада гледа подготвеност да се оди напред во евроинтеграциите.

Треба да се обезбеди промена на Уставот, но и да се обезбеди дека нема да има дополнителни барања, тоа треба да биде обврзувачко и чувството е такво во Европската Унија. Владата тешко ќе може да им објасни на гласачите, ако нема гаранции. Треба да работиме на тоа да се обезбедат гаранции и дека нема да има нови барања. Она што е легитимно е тоа што Владата бара јасност за барањата, но не верувам дека ќе помине барањето за уставни измени со одложено дејство, изјавил Вајц за МИА.

Новата Комисија се очекува да стапи на функција на 1 декември и ќе има мандат од 5 години.