Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
Полесно добивање работни дозволи за странци, олеснување на процедурите за одобренија за градба. Ова се барањата кои турските бизнисмени ги испорачаа до премиерот Мицкоски. Им вети дека се работи на тоа.
Приоритет за земјава е што поголем број турски инвеститори и поголема трговија меѓу двете земји. Во моментов, над 2 милијарди долари или 38% од вкупните инвестиции се од Турција. Вработуваат над 10 илјади работници. Но простор за поголема соработка има .
Ние сме две братски држави и заедно можеме да постигнеме повеќе. Треба да размислуваме и како заедно да настапиме на трети пазари, изјави Ајдован Адамоски, МАТО.
Премиерот ги повика турските компании кои се пристуни во земјава да аплицираат за евтините кредити од Унгарија, Максималниот изност е 10 милиони евра. Каматата за фирмите е поволна, а во недела ќе се знае и исходот со банките – дали сами ќе ги покријат оперативните трошоци или ќе чекаат на државата .
Во недела имаме “прeсметка” со банкарите, точно на пладне. Па ќе видиме како ќе биде. Тоа ќе бидат условите за фирмите, камата од 3,25%, а ние како ќе се договориме ќе видиме. Дел од парите ќе одат и преку Развојната банка, но не можат повеќе од 30, 40 милиони евра. Се надевам и комерцијалните банки дека ќе бидат свесни за македонската економија и заедно ќе излеземе посилни за доброто на државата, изјави Христијан Мицкоски, премиер.
Турскиот амбасадор во земјават пак, побара што поскоро да се потпише Меморандумот за слободна трговија, за да се олесни соработката меѓу двете земји. Наместо милијарда, тогаш размената ќе надмине 2 милијарди долари. Инаку во моментов турските инвестотори се присутни во фармацијата, банкарството, градежништвото, трговијата, туризмот и енергетиката.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар