Бизнис
10. October 2024 - 16:36

Познати компании го изигрувале Законот за поврат на ДДВ

Големи познати компании го изигрувале законот за поврат на ДДВ. За нив веќе се водат истраги во други институции. Министерката за финансии вели дека повратот на ДДВ доцни само кај фирмите кои дополнително се проверуваат и има сомнеж за злоупотреби. Основното обвинителство веќе отвори истрага за 15 даночни инспектори, на кои им изрече мерки за претпазливост, поради сомневање дека биле поврзани со некои фирми за фиктивен поврат на  ДДВ.

Со самото доаѓање на власт, Кочовска вели дека затекнале отворени налози за исплата по овој основ од милијарада и 500 милиони денари или скоро 25 милиони евра. 

- Можеби тие се парите што доцнат и секако има одредени ситуации каде што има компании коишто јас лично сум ги проверувала и коишто се предмет на дополнителни анализи, кога ќе се направат ќе си ги добијат средствата. Дискутабилно е кај кого се доцни. Занњето дека има злоупотреби и веќе се водат постапки пред истражните органи, изјави Гордана  Димитриеска-Кочовска, министер за финансии

Министерката во отчетот за 100 дена Влада информираше и дека парите од унгарскиот кредит државата ќе ги добие следната недела. Половина од нив, кои се наменети за бизнисот -  од Развојната ќе се делат на комерцијалните банки. За условите и провизите кои банките ќе ги наплаќаат – ќе преговара Развојната банка. Кочоска очекува овие пари да бидат достапни до Нова година, но се ќе зависи од ажурноста на институциите

„Согласно разговорите што сум ги имала со премиерот, очекувам дека годинава тоа ќе биде, но не би знаела како ќе се одвиваат понатаму работите. Можам да гарантирам за нешто што е во рамки на Министерството за финансии, дали и другите така ќе се ангажираат, не можам да гарантирам и како резултат на тоа не можам да кажам дали би биле. Очекувањата се дека ќе бидат пред Нова година“, изјави Димитриеска-Кочовска.

При крај се и подготовките за предлог-буџетот за следната година. Колку ќе тежи, Кочовска не открива, само рече дека пари за поклруивање на долгови на ЕСМ не се предвидени.

Компанијата треба сама да си обезбеди средства од комерцијалните банки,  иако менаџментот се надева на покривање на загубите од страна на Владата.