Македонија
9. October 2024 - 16:35

РЕК Битола не работи – трите блока надвор од мрежа

РЕК Битола не работи – сите 3 блока се надвор од мрежа. Најголемиот производител на струја кој покрива до 50% од потребите од полноќ не е во функција. Од таму велат дека се подготвуваат за престојната грејна сезона и сега се испитува стабилноста по извршените ремонти на 2 и 3 блок, додека за првиот воопшто не се направени интервенции и тој подолг период не работи. Сепак уверуваат дека во попладневните часови ќе биде вклучен  2 блок и според планови само тој ќе биде во функција, додека состојбата  во рудникот Суводол не се нормализира.   Раководството на РЕК Битола минатата недела алармираше дека комбинатот е пред колапс, ремонтите не се завршени, а долговите, кои треба да им ги плаќа Владата, се  наталожени. Акумулациите се скоро празни, па надлежните  се молат есенва да заврне повеќе дожд.  Владиниот портпарол за ваквата состојба ја обвините претходната валст

Од СДСМ пак, велат дека министерката Божиновска и владата на Мицкоски се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем и наместо да го зголемат производствсото од домашни капацитети, тие го намалија. Владата во моменетов прави огромен увоз на скапа струја заради нефункционирањето на РЕК Битола,што предизвикува огромни трошоци за државата и граѓаните, велат од опозициската СДСМ.

Во моментов струја е обезбедена до 15 ти октомври, односно за уште една недела. Министерката за енергетика уверуваше дека ќе направат план за да набавуваат поголеми количини струја, за подолг период, по пониска цена.

Инаку цената на електричната енергија  која ја плаќаат граѓаните се носи крајот на годината,а ќе важи од 1 јануари.