ДСЗИ заврши, на ред е стручната комисија – Дали има лекарски пропуст во третманот на 14 месечното бебе кое почина на Детска?
14 месечното бебе од Гошинце починало од обструктивна бронхопневмонија и обидите за спасување во раните утрински часови на 5 октомври биле неуспешни. Државниот санитарен и здравствен инспекторат го заврши вонредниот надзор и ја утврди патеката на лекување. Дали има лекарски пропуст ќе утврдува формираната стручна комисија.
Во извештајот на ДСЗИ пишува дека се почнало на 30 септември кога прв пат биле на преглед кај матичната, за што веќе кажа и семејството на починатото бебе. Била поставена дијагноза гадење и повраќање. Истиот ден родителите одат и на Детска каде го потврдиле наодот им дале терапија и ги пратиле дома. Во извештајот пишува да дојдат на контрола наредниот ден.
Поради траење на повраќањето родителите повторно го носат бебето на матичен на 3 откаде добиваат итен упат за на Детска.
-Детето било однесено на клиника за детски болести околу 15,00 часот, извршен преглед . Издадени 2 упати за лабораторија и 1 за гасни анализи. Истиот ден по добивање на резултатите повторно прегледано од специјалист педијатар и дополнително издадени упати за лабораторија и за РТГ дијагностика. РТГ наодот покажува нагласен броховаскуларен цртеж билатерално , хипобазално и корелира со аускултаторниот наод .Ординирана и терапија и пратено на домашно лекување, стои во извештајот на ДСЗИ.
Ден пред да почине состојбата на 14 месечното бебе била уште полоша и родителите ја носат во Клиниката Козле. Таму го хоспитализирале и ги направиле сите анализи. Поради прогресивно влошување на состојбата со пад на сатурацијата и дијагноза масивна пневмонија, од Козле бебето итно било препратено на Клиниката за детски болести на одделот за интензивна нега.
- Со оглед дека било во исклучително тешка здраствена сосотојба побарано е и остварен контакт со КАРИЛ заради поставување на асистирано дишење . Од страна на анестезиолог е издаден изештај дека е пристапено кон реанимација, без успех и настапува смртен исход, пишува во извештајот.
Од Судска медицина велат дека се уште се во тек анализите а обдукцискиот наод треба да покаже од што починало 14 месечното бебе.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар