Македонија
19. September 2023 - 19:49

Светиниколските пензионери 47 дена по ред протестираат

Светиниколските пензионери 47 дена по ред протестираат пред Здружението на пензионери или блокираат улици и патишта во општината. Остануваат на барањето за линерано покачување и повеќе немаат доверба во институциите кои не најдоа решение за нивниот проблем.

- Се уште не маткаат со тоа дека имаат некои комисии, дека се договараат, преговараат, дека се усоглаасуваат и што ли уште не, но ние просто и едноставно бараме во основицата на пензијата да влезат 3500 денари, а после тоа да се усогласуваат и да се наоѓаат некои други решенија за минималната пензија- изјави Трајче Станојков, пензионер од Свети Николе.

Според нив не држи вода изговорот дека некои пензионери имаат повеќе или помалку работен стаж, зашто во транзициониот период голем дел од трудот воопшто не се евидеентираше во системот.

- Овие се текстилци повеќето, никогаш не се работеле 8 саати, секој работел 10 до 12 саати на ден, а се плаќаше 8 саати или 6 саати. Затоа бараме на 1 октомври под 20 000 денари да нема пензија- изјави пензионер од Свети Николе.

Пензионерите од Свети Николе и Лозово утре со 2 автобуси организирано заминуваат на генералниот протест во Скопје.