На преминот Ќафасан во просек дневно по 10 илјади патници, нема задржувања
На граничниот премин Ќафасан, на македонско – албанската граница кај Струга, последните денови за влез и излез од албанска територија се регистрираат по над 10 илјади патници, јави Топ чанел.
-Најголем дел од патниците кои доаѓаат во Албанија се туристи кои одат на албанското крајбрежје за да го поминат својот летен одмор. И покрај големата фреквенција преминувањето на границата се одвива без задржување. Туристите кои доаѓаат се од Северна Македонија, но и од различни европски земји, наведува телевизијата.
Оценува дека за разлика од првите денови на месецов, од кога почна да функционира заедничко управување на граничните и царинските контроли со едно застанување, кога имаше подолго задржување, сега тоа е надминато што го потврдуваат и туристите.
– Доаѓаме на одмор во Албанија. Ќе останеме една недела. Без проблеми ја минавме границата, не се задржавме ни 5 минути, изјави турист.
Во последните 24 часа преку овој премин за влез на албанска територија регистрирани се 5700 додека за излез 4800 лица.
-На двете страни функционираат по три шалтери, што е доволно за да се справат со зголемениот бран на патници и возила. Од почетокот на овој месец на преминот регистрирани се над 100 илјади патници на влез во и излез од албанска територија.
Ново на Сител
-
Тошковски: Уапсени осум лица за инцидентите со македонското знаме
-
Грузија: Уапсени 43 лица за време на антивладините демонстрации
-
Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата
-
Уапсени сторителите на вооружениот грабеж на 1,2 милиони евра од комбе со пари во близина на Атина
-
Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Директорот на АХВ бара да се донесат измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните
-
Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари