Ковачевски: Со внесување на Бугарите во Уставот паѓа во вода тезата за „еден народ во две држави“
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ треба да остане на искажаниот став во однос на уставните измени и да се работи на ниво на работни групи и да се договорат деталите, потенцирајќи дека со внесувањето на Бугарите во Премабулата на Уставот паѓа во вода тезата за „еден народ во две држави“.
- Не толкувам што е јавно кажано и јавно презентирано пред медиумите, а преку медиумите и до јавноста. Сите можевме да видиме на прес-конференцијата после лидерската средба на 7 јуни дека позициите беа приближени. Прво, дека за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива промена на Уставот. Тоа беше кажано јавно на телевизија, бидејќи пред тоа, тие излегуваа дека не е прифатливо под кои било околности промена на Уставот. Тоа тогаш беше променето, јавно кажано, рече Ковачевски.
Премиерот потсети дека од ВМРО-ДПМНЕ собирале нотарски изјави на кои се потпишувале пратениците и дека партискиот лидер Христијан Мицкоски тврдеше дека ќе даде оставка ако и еден пратеник на партијата гласа за уставните измени, но оти сето тоа со изјавата на 7 јуни е тргнато на страна. И сега, додаде Ковачевски, имаме позиција во која што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени и внесување на делови од други народи во Преамбулата на Уставот.
- Втората работа, дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во Владата, исто така беше кажано на прес-конференцијата, што потврдува нешто друго, а тоа е дека исто така не важи веќе дека оваа Влада нема легитимитет и дека Собранието нема легитимитет да носи одлука во делот на продолжување на европскиот пат. Имаше уште еден услов од страна на претседателот на ДПМНЕ, а тоа е партијата ДУИ да не биде дел од Владата: Тие веднаш на прес-конференција кажаа дека ДУИ е подготвен да поддржи Влада по усвојувањето на уставните измени, рече премиерот Ковачевски.
Според него, таквата Влада треба да биде Влада на големо, широко обединување во која треба да учествуваат сите и која треба да ги заврши уставните измени и скринингот, да ги отвори кластерите заедно и да затвори барем две поглавја од првиот кластер и потоа да се оди на избори.
- Дали со таа влада, дали со техничка влада согласно закон, тоа е работа на договор, вели Ковачевски.
Сега останува, како што нагласи, ВМРО-ДПМНЕ да остане на искажаниот став и да се работи на ниво на работни групи и да се договорат деталите.
- Не е ова борба за собирање на ситни политички поени. Знаете ние долго време, 20 години гледавме водење на политика за собирање на дневни политички поени и правење рејтинзи од избори до избори. И што добивме, добивме 20 изгубени генерации, коишто одат да работат во странство, зимаат пасоши на други држави за да можат полесно да се снајдат. И што ќе им одговориме на тие генерации, рече Ковачевски.
Премиер смета дека ако спорот со Грција се решеше пред 25 години, ние ќе бевме пред 20 и членка на НАТО и членка на ЕУ, заедно со Хрватска.
- Ние тргнавме пред Хрватска, а сега Хрватска има и Шенген, има и евро. А ние уште расправаме дали некој заради своја лична политичка кариера ќе донесе одлука, која што одлука зависи иднината на државата, која што одлука не задира во никакви идентитетски прашања. Таа одлука првпат ќе внесе бугарски дел од народ во нашиот Устав, истакна Ковачевски по посетата на фабриката „Европа“.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила