Македонија
20. December 2021 - 11:13

Од 22 декември влез во Холандија само со ПЦР-тест и за вакцинираните од Северна Македонија

Холандската амбасада во Скопје известува дека од 22 декември, соглансо новите правила, и вакцинираните ќе треба да прикажат негативен ПЦР-тест за влез во земјата.

„Од 22 декември 00:01 па натаму, сите патници кои патуваат (назад) во Холандија надвор од Шенген/ЕУ треба да покажат негативен резултат од тестот, вклучително и оние кои се целосно вакцинирани или оздравени.

Ова исто така важи и за патници од земји со висок ризик и земји кои се на списокот на безбедни земји на ЕУ (вклучувајќи ја и Северна Македонија)“, се вели во соопштението на амбасадата.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк.

 

Ново на Сител