Loading Video...
Свет
2. July 2021 - 12:24

Последните американски и НАТО сили ја напуштија најголемата база во Авганистан

Последните американски и НАТО сили ја напуштија најголемата база во Баграм. Базата 20 години беше во средиштето на војната против Талибанците и Ал Каеда, што навестува дека целосното повлекување на странските војски од Авганистан е прашање на време.

Џо Бајден претходно најави дека САД ќе го довршат повлекувањето до 11 септември, но ова би можело да се случи и многу порано.

Повлекувањето од клучната база, која се наоѓа северно од Кабул, се случува во периодот кога талибанските бунтовници продолжуваат да напредуваат во различни делови од Авганистан.