Бизнис
8. May 2021 - 16:35

Ќе има ли ново поскапување на струјата?

МЕПСО ќе бара зголемување на цената за преносот на електричната енергија, велат што ќе влијае на крајната цена, велат извори за Сител. Колкаво зголемување ќе бара компанијата се уште не се знае. Во моментов се прават пресметките на трошоците кои МЕПСО треба да ги достави до Регулаторна до средината на мај. Учеството на МЕПСО во крајната цена на струјата е најмало и е околу три проценти.

Сепак од Регулаторната комисија уверуваат дека нема да дозволат да има ново поскапување на струјата.

- РКЕ вообичаено во јуни или во јули ги носи своите одлуки за цени на електрична енергија, но ќе ги преземе сите механизми кои и се на располагање, можеби ќе излезе и од своите законски надлежности пропишани во Законот за енергетика и нема да дозволи зголемување на цената на електрична енергија, вели Бислимовски.

Државните електрани пак следниот месец на тендерот на ЕВН ХОУМ треба да достават нова цена по која ќе ја продаваат произведената струја. ЕСМ има обврска на овој тендер да понуди 70 проценти од потрбените количини. Но нема гаранција дека на тендерот ќе биде откупена оваа струја затоа што може би ќе се јават трговци кои ќе понудат пониска цена.

Со започнувањето на либерализацијата на пазарот РКЕ влијае на крајната цена со 38 проценти. Односно само на цената на преносот и дристрибуцијата, а нема влијае на 52 отсто.

Поради пандемијата државните енергетски компании минатата година ја завршија со загуби. Минатата година цената на струјата се зголеми за 7, 4 проценти на барање на државните компании со образложение дека имаат намалени приходи поради коронакризата.

Новата цена на струјата ќе се знае во август.