-->
-->
Во Србија 5.884 новозаразени со коронавирус, 53 починати
-->
Според последните податоци, во Србија се тестирани 18.989 примероци, од кои 5.884 биле позитивни на коронавирус. Починале 53 лица, а 312 пациенти се приклучени на апарати за дишење.
Одлуките на Кризниот штаб се познати – негативен ПЦР-тест за странски државјани што влегуваат во Србија и карантин за српските граѓани.
Сите други мерки остануваат во сила до 18 декември.
Иако бројот на новоинфицирани полека опаѓа, тој сепак е многу голем, а загрижува и бројот на сериозно болни лица. Загрижувачки е и фактот дека новата ковид-болница во Батајница е веќе полна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја