Водовод и канализација: Водата за пиење во Скопје безбедна и микробиолошки исправна
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека врз основа на резултатите од контролата на водата за пиење во град Скопје направена од 13 до 16 октомври, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 13.10.2020 до 16.10.2020 зема 155 примероци за физичко-хемиска и 155 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се посочува во соопштението на скопски Водовод.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
