Македонија
16. јуни 2020 - 15:17

Битолчанец го скршил стаклото од излогот на продавница и украл 28 машки часовници

Вчера во 05,00 часот, било пријавено дека на ул.„Широк Сокак“ во Битола, во продавница за часовници и накит непознато лице со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и од изложната витрина и извршил тешка кражба одземајќи 28 машки часовници, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вредност од 575.000 денари.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Ново на Сител