Донесена Уредбата со која стапува во сила Законот за заштита на населението од заразни болести
Владата донесе Уредба за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести. Законот ќе се применува за време на вонредната состојба во државата.
Според Законот, за заболени од коронавирус при лекувањето се применува строга изолација (карантин) во домашни услови или во здравствена установа, за што одлучува здравствен работник по извршена проценка на тежината на клиничката слика.
На лице кое било или се сомнева дека било во непосреден контакт со лице заболено или инфицирано со КОВИД-19 се применува мерката строга изолација (карантин) во домашни услови (домашна изолација) во времетраење од 14 дена, за што лицето потпишува писмена изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност дека ќе ја почитува мерката, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесува решение. Доколку лицето не ја применува мерката строга изолација (карантин) во домашни услови (домашна изолација), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од 14 дена во објекти определени од Владата за што Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесува решение.
На лице кое влегува на граничните премини во земјава, а патува од високо, средно или ниско ризични земји утврдено согласно Листата на Светската здравствена организација, му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од 14 дена во претходно определените објекти. За времетраењето на мерката строга изолација (карантин), лицето не смее да ја напушта просторијата во која е сместено.
Согласно Законот, за безбедноста на објектите за спроведување карантин се грижат Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана- Армијата на Република Северна Македонија, кои ги обезбедуваат влезните пристапи во објектот, а доколку објектот е на катови ги обезбедуваат и сите катови. Притоа, припадниците на Армијата и на полицијата задолжително треба да носат заштитна опрема.
Трошоците за исхрана и одржување на хигиената во објектите во кои се спроведува карантин за лицата кои влегуваат на граничните премини во Република Северна Македонија, а патуваат од високо, средно или ниско ризични земји ги надоместува државата, додека трошоците за исхрана и одржување на хигиената во објектите во кои се спроведува карантин за лицата на кои не ја почитувале мерката строга изолација (карантин) во домашни услови (домашна изолација), ја надоместуваат самите лица.
-Државниот санитарен и здравствен инспекторат во вршењето на инспекцискиот надзор заради отстранување на утврдените неправилности има право и обврски да поднесе кривична пријава против лицето кое не го почитува карантинот во домашни услови, во здравствена установа или во објектите одредени за изолација, стои во Законот.
Ново на Сител
-
Ахмети: Доколку се утврди вина Груби сам ќе се повлече од ДУИ
-
Пронајдена дрога при претрес во Струга
-
Лукман: Покажавме дека можеме да се носиме со Реал Мадрид
-
Оклахома го совлада Далас и се пласираше во полуфиналето на НБА Купот
-
Норвешка нема да гласа за домаќини на СП 2030 и 2034
-
Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО