Потписниците на нуклеарниот договор за Иран, без САД, на средба во Виена

Претставници на европските земји, Кина и Русија, кои се уште се посветени на нуклеарниот договор за Иран денеска се сретнаа со иранските претставници во Виена во обид да најдат решение за опстанокот на договорот.
Американските медиуми наведуваат дека се разговарало за актуелните проблеми во рамки на договорот, откако официјален Техеран го надмина дозволеното количество збогатен ураниум што сам го произведува.
Иран неодамна ја мина границата за збогатување ураниум, нагласувајќи дека ќе престане да произведува недозволено количество доколку Германија, Франција, Британија, Кина, Русија и останатите членки на ЕУ на официјален Техеран му дадат економски поттик да се избори против американските санкции.
-Средбата во Виена овозможи разговори за ситуацијата по повод имплементацијата на спогодбата со акцент на неговите економски и нуклеарни компоненти. Јасно е дека американските санкции го поткопуваат овој договор, меѓутоа, сите учесници се цврсто посветени, изјави рускиот претставник во меѓународните организации во Виена, Михаил Уљанов, пренесе Тасс.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година донесе еднострана одлука САД да ја напуштат спогодбата од 2015 година, з ада може да постигнел подобра.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
