Џони Деп ја тужи поранешната, таа злоставувала и жени
Адвокатите на Џони Деп испратиле судски повици до Амбер Херд, „нејзините пријатели измамници” и на поранешното момче, милијардерот Илон Маск.
-Повиците се упатени кон секој, кој и помагал на Амбер во оваа измама и сакаме да ги сослушаме со лавина од снимени докази, како фотографски, така и клипови, кои се во колизија со нивните тврдења во корист на Херд, изјави адвокатот на Џони Деп, Адам Волдман.
-Амбер клеветеше, лажеше на суд и намерно му наштети на мојот клиент. За жал, тоа не е сè, ние во моментов разговараме со повеќе жени кои биле цел на нејзино насилство”, додаде тој.
Амбер се разведе од Џони во 2016 година, и го обвини за семејно насилство. Тој тогаш и плати седум милиони долари за повеќе да не зборува за нивната врска, а Амбер тоа го прекрши во декември минатата година. Сега Деп ја тужи и бара 50 милиони долари отштета.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата