Ел Чапо бара ново судење, тврди дека имал „лоши поротници“
Мексиканскиот нарко бос Хоакин Гусман, познат како Ел Чапо, денеска побара од американските судии да ја поништат пресудата со која е осуден за криумчарење повеќе тони дрога во САД и да му одобрат ново судење.
Гусман тврди дека му е ускратено правото на фер судење, поради „лошото однесување на поротниците“.
Барањето поднесено до Федералниот суд во Њујорк, адвокатите на Ел Чапо го базираат на извештај објавен на 20 февруари во „Вајс Њуз“, каде што неименуван член на поротата тврди дека најмалку петмина поротници ги прекршиле наредбите на судијата следејќи го медиумското покривање на случајот во текот на 11 недели од судењето.
Според адвокатите на одбраната, тоа можело да ги изложи поротниците на низа информации што не биле прифатени на судењето, како што се извештаите засновани на јавните судски поднесоци дека Гусман силувал девојка од 13 години, што, како што тврдат, ја загрозува нивната непристрасност.
Ел Чапо (61) претходно ги негираше обвинувањата за силување.
Тој на 12 февруари во американскиот Суд беше прогласен за виновен поради организирано криумчарење огромни количества дрога.
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев