Се шири епидемијата на морбили
Бројот на заболени од морбили расте, а по Скопје, Тетово и Куманово, вчера беше прогласена епидемија и во Гевгелија.
Вкупно од почетокот на епидемијата во декември 2018 година досега во Македонија се регистрирани 412 случаи на мали сипаници, од кои 362 се во Скопје, 33 во Тетово, 17 во Куманово, 9 во Гевгелија, 6 во Дебар, 5 во Гостивар, 4 во Кичево…
– Ако се земе предвид дека движењето кон главниот град е интензивно, реална и висока е можноста и понатаму да се шират малите сипаници – рече Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.
Надлежните се загрижени и поради тоа што од 25.000 невакцинирани деца надвор од Скопје вакцина примиле само 5.000, додека од 16.000 невакцинирани деца во главниот град, вакцина примиле 9.200.
Најголем број од заболените се од возрасната група од една до четири години, или 113 или 27,4 отсто од вкупниот број. Децата на возраст под една година учествуваат со 20,4 отсто, а висок процент на заболени се регистрира и кај повозрасните групи, лицата од 20 до 29 години учествуваат со 10 отсто, а лицата постари од 30 години со 34 отсто.
Ново на Сител
-
Новиот премиер Мохамед ал Башир им вети на Сиријците стабилност и спокојство
-
Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин
-
Уставен суд ќе ја почнe расправата за Законот за јазиците
-
Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074