Живот
9. October 2018 - 13:08

Има 29 години и 9 пати умрел: 45 минути го враќале во живот, а докторите се изненадени како сè уште е жив

Џејми Пул живее сосема нормален живот, има 29 години, но од останатите врсници се разликува по тоа што има срцев застој па неговото срце може да престане да чука.
 
Тој прекин може да трае и до 8 секудни, а тој толку се прилагодил на тоа што може да претчувствува кога ќе го има следниот напад. 
 
Џејми Пул досега "умрел" 9 пати, дури и самите доктори се изненадени како успева да се разбуди секој пат. Тоа прв пат му се случило коа имал само 20 години, а на докторите им биле потребни 45 минути за да го "оживеат".
 
"Знаев дека тоа ќе се случи. Чувствувам мачнина, ми се врти. Живеам нормален живот и секој момент можам да бидам мртов", раскажува Пул.
 
"Имав само 20 години кога "умрев" и потребни беа само 45 минути за да ме вратат во живот. Се разбудив една недела подоцна", раскажа Џејми и нагласи дека може да биде мртов било кога.
 
Џејми има вграден мал дефибрилатор во градите, кој треба да му помогне кога ќе дојде до прекин на работата на срцето.
 
Кардиологот д-р Аманда Варнава му препорачала на Џејми да не вежба и да не се возбудува, но тој сака да живее како сите негови врсници, поради што често ги игнорира нејзините совети. Поради оваа ретка состојба, Џејми секојдневно е во опасност.