Македонија
4. March 2018 - 10:46

Клизиште на патот Кичево - Крушино

Како резултат на водата што доаѓа од топењето на снегот синоќа се случи лизгање на патот кон Крушино, информира општина Кичево.

- Апелираме до граѓаните да не се искачуваат кон Крушино поради големата дупка што се појави на средината од главната улица. За настаната ситуација, известено е претпријатието Гранит кое ги изведува работите за изградба на автопатот, како и Агенцијата за патишта на Македонија, соопшти општина Кичево.

Водата која доаѓа од местото викано Крушино, излегува на магистралниот пат Кичево-Охрид и се акумулира во кружниот тек на булеварот.

Од Агенцијата за патишта на Македонија информираат дека ќе преземаат мерки за да се избегне акумулираната вода.

- Апелираме до возчите внимателно да ја поминуваат магистралата, односно местото каде се собираат атмосферските води, велат од службата за информирање на општина Кичево.