Македонија
21. December 2017 - 19:59
Академик Фити: Да продолжи изградбата на капиталните објекти затоа што тоа ќе го зголеми растот
Државата не смее да се откаже од капиталните инвестиции кои во моментов се запрени, порача од Битола претседателот на МАНУ, Таки Фити.
Вложувањето во инфраструктурата, гасификацијата, Коридорот 8 мора да продолжат ако Македонија сака да го динамизира економскиот раст и развој, вели првиот академик.
Според Фити, предвидениот раст од 3,2 проценти за следниот период е под потенцијалот на македонската економија.
Оптималната стапка на раст што ја проектираат Светска Банка и МАНУ се движи помеѓу 4,5 и 5,5 проценти,која доколку би се остварила на подолг рок би предизвикала ефект врз животниот стандард на граѓаните.
-
Методија Куновски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->