Бакир Изетбеговиќ: БиХ ќе го признае Косово
Бошњачкиот член на босанското Претседателство, Бакир Изетбеговиќ во интервју за Дојче Веле изјави дека не е задоволен од положбата на Бошњаците во српската област Санџак и изјави оти Босна и Херцеговина ќе ја признае независноста на Косово, што според него, требало да се направи одамна.
- Мислам дека Косово требаше да биде признато досега, вели Изетбеговиќ во интервјуто и на директоното прашање дали БиХ ќе ја признае независноста на Косово, само кусо одговори „да“.
Тој натаму во интервјуто нагласи дека е во добри односи со сите политички лидери во Санџак, но, како што истакна, не е задоволен со положбата на овој српски регион, каде мнозинството од жителите се Бошњаци.
Според него, Турција во БиХ и на Балканот одиграла многу позитивна улога.
- Турција го поддржува европскиот пат на БиХ, го поддржува патот кон НАТО на БиХ, никогаш на груб начин не се меша во нашите односи, напротив секогаш помага, рече Изетбеговиќ.
Во врска со тоа дали влијанието на Турција може да има негативни последици врз европските интеграции на БиХ, со оглед на тензиите кои во моментов постојат меѓу Анкара и многу земји од ЕУ, Изетбеговиќ вели дека ако застане на страната на Ердоган и влезе во кавга со Европејците или ако почне да се вмеша во тие кавги, тогаш најверојатно ќе има.
- Но јас не го правам тоа. Турција е доволно силна за сама да се одбрани. Дали јас сум политички играч на Ердоган кој ќе почне да се расправа со Европа за него? Не. Само јас нема да го предадам мојот пријател, одговори тој.
Тој додаде дека не сака да се меша во внатрешните односи на Турција, ниту пак во односите на Ердоган со германската канцеларка Ангела Меркел, која, како што рече, исто така ја смета за голем пријател на БиХ.
Изетбеговиќ смета дека тоа дали Русија ќе го запре пристапувањето на БиХ во НАТО зависи од силата на Москва, за која оценува дека е во пораст на Балканот.
- Дали Русија ќе го запре приемот на БиХ во НАТО? Зависи од силата на Русија. Таа е се поприсутна на Балканот, и медиумски и на секој друг начин. (Претседателот на Република Српска, Милорад) Додик очигледно гледа да биде играч на таа велесила, да и се додворува, пред се да го запре патот на БиХ во НАТО. Мислам дека Русија не може да биде посилна од НАТО и ЕУ кога е БиХ во прашање и целиот Балкан, изјави Изетбеговиќ.
На ваквите изјави на Изетбегови,. веднаш реагираа властите на Србија, закажувајќи седницата на Советот за национална безбедност.
Секретарот на Советот и српски министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека би сакал ваквите изјави да не се вистинити.
- Би сакал сето ова да не е вистина и дека се работи за лошо толкување на изјавите на Изетбеговиќ, бидејќи, за жал, доколку е вистина, тоа ќе биде еден од најтешките удари што на Србија може да и направи една соседна земја, изјави Стефановиќ.
Тој смета дека признавањето на Косово од страна на Сараево „не може да биде ниту добронамерен, ниту позитивен потег“ во односите меѓу Србија и БиХ.
- Не знам дали Изетбеговиќ сфаќа колку ја комплилува и усложнува состојбата во регионот. Не само односите меѓу двете земји, туку и меѓу двете нации. Особено по сите позитивни сигнали што претседателот и Владата на Србија и ги упатија на БиХ и по сите позитивни работи што ги направивме во меѓусебната соработка, порача Стефановиќ.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај неодамна ја повика БиХ да ја признае независноста на Косово, на што веднаш реагираа претставниците на Србите во институциите на БиХ.
Министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак, на крајот од септември изјави дека БиХ не само што нема да ја признае независноста на Косово, туку и нема ни да го разгледа барањето.
Ново на Сител
-
Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
-
OJO: Предлог притвор за лицата кои се заканувале со оружје и експлозиви, па одзеле пари од продавницата „Нептун“
-
Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција
-
Романците денеска излегуваат на парламентарни избори во атмосфера на политички превирања
-
Трамп го нoминира лојалниот Каш Пател за шеф на ФБИ
-
Европската комисија „Фон дер Лајен 2“ стапува на должност
-
Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег