Поставен камен-темелник на затворен градски пазар во Охрид
Претставници на охридската локална самоуправа предводени од градоначалникот Никола Бакрачески денеска поставија камен-темелникот на новиот објект на затворениот градски пазар.
Бакрачески во оваа пригода истакна дека станува збор за исполнување на едно од ветувањата дадени кон граѓаните на чија реализација, како што истакна, и претходела комплексна и обемна постапка за обезбедување на потребната документација.
- Со оваа капитална инвестиција Охрид ќе добие нова административно-деловна зграда и најсовремен пазар што ќе ги исполнува сите стандарди за трговија и ракување со земјоделски и прехранбени производи од животинско потекло, рече тој.
Станува збор за инвестиција што ќе се реализира по пат на јавно приватно партнерство на oпштината со АД „Илинден“ од Струга, во вредност од речиси четири милиони евра. Објектот е превидено покрај основните инфраструктурни содржини како деловни простории, 190 тезги изработени по сите стандарди, да има и подземен јавен паркинг и тоалети.
Ново на Сител
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа
-
Лазаров по пласманот во осминафиналето на Европскиот куп: Тоа беше нашата зацртана цел и ја остваривме
-
Трамп им се заканува на членките на БРИКС со 100% царини доколку работат на поткопување на доларот
-
Најмалку 40 цивили загинаа во израелски напад врз зграда во бегалски камп во Џабалија, во Појасот Газа
-
УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври