Loading Video...
Свет
9. October 2020 - 19:41

Нобеловата награда за мир доделена на Светската програма за храна за ОН

Нобеловата награда мир за 2020 е доделена на Светската програма за храна на ОН, најголема хуманитарна агенција во светот која се бори против гладот во светот. Нобеловиот комитет соопшти дека Добитникот е награден за нејзините напори во борбата против гладта, за нејзиниот придонес во подобрување на условите за мир во области зафатени со конфликт и за улогата на движечка сила во напорите за спречување на гладувањето како оружје во војна и конфликт“.Се проценува дека агенцијата помага на околу 97 милиони луѓе годишно во 88 земји. Нобеловата награда за мир е една од најважните светски награди.

Азербејџан и Ерменија  вечерва ќе разговараат за прекин на огнот во Нагорно Карабах на иницијатива на рускиот претседател Путин. На средбата во Москва ќе присуствуваат шефовите на дипломатиите на Ерменија и Азербејџан.

Американскиот претседател, ја заврши терапијата на лекување од Ковид-19 и веќе овој викенд може да се врати на своите јавни должности, изјави неговиот лекар, Шон Конли. Утре ќе биде 10-от ден откако му беше утврдена дијагнозата. Според Конли, Трамп исклучително добро реагирал на терапијата и повеќе не покажува знаци на напредок на болеста. Кратко по изјавата на лекарот, Трамп објави дека утре ќе органзиира предизборен митинг во Флорида.