НЛБ Банка: Сите вработени во експозитурата во Чаир се во добра состојба, ограбената сума се утврдува
Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба, соопштија од НЛБ Банка.
Од таму додаваат дека во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.
-Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства, уверуваат од Банката.
Според нив, паралелно се работи со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известат јавноста дополнително.
Според полицијата вооружени лица утрово извршило разбојништво во „НЛБ банка“ на ул.„Ферид Бајрам“ во скопско Чаир, при што се одземени засега непозната сума пари.
Во МВР настанот е пријавен во 10.30 часот и како што појаснуваат за време на разбојништвото имало пукање, но нема повредени од огнено оружје.
Од страна на разбојниците е удрен и физички повреден Е.Е.( 26), вработен како обезбедување во банката.
Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња