-->
-->
Њукасл ќе плати 5-6 милиони фунти за позајмица на Лингард и ќе ја покрие неговата плата во Манчестер jунајтед
-->
– Њукасл бара да ангажира пет нови играчи во последната недела од зимскиот преоден рок, објави „The Telegraph“. Во клубот се уверени дека преговорите за позајмица на играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард ќе бидат успешни.
Забележано е дека Њукасл ќе плати 5-6 милиони фунти за позајмица на фудбалерот од средниот ред и дека ќе ја покрие целата негова плата во Јунајтед, која изнесува 80 илјади фунти неделно.
Њукасл е исто така заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи, членот на Тотенхем, Деле Али, дефанзивецот на Севиља, Диего Карлос и дефанзивецот на Барнли, Џејмс Тарковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка