Свет
3. December 2017 - 15:10

Њујорк:Полициска потрага по човек кој влетал со автомобил во луѓе

Полицијата е во потрага по возач кој со автомобил влетал во луѓе при што убил една жена и повредил три други лица. Инцидентот се случил пред ноќен клуб во Квинс утрово, јави Си-Би-Ес.

Две од трите повредени лица се во критична состојба, соопшти полицијата.

Полицијата е во потрага по напаѓачот и се обидува да дојде до детали, соопштувајќи дека имало расправија пред мажот да влета во толпа луѓе. Полицијата верува дека не се работи за тероризам.