Њујорк тајмс се приближува на 2,5 милиони онлајн претплатници
Американскиот весник Њујорк тајмс (New York Times) има регистрирано речиси 2,5 милиони интернет корисници на крајот на третиот квартал од оваа година, соопшти компанијата.
Оттаму информираат дека приходите од реклами од електронското издание се зголемиле за 11 отсто од јули до септември.
Бројот на онлајн претплатниците се зголемил за 154.000, и во третиот квартал достигнал вкупно 2,487 милиони. На годишно ниво, ова е 59 отсто зголемување.
Растот на бројот на претплатници е побрз во однос на претходниот квартал, кога бројот на претплатници се зголемил за 114.000. Додека растот е помал отколку во првиот квартал, кога весникот регистрирал нови 348.000 претплатници. Во тој период во САД беше актуелна победата на Доналд Трамп на претседателските избори.
Додека приходите од рекламирање на онлајн весникот пораснале, опаднале на печатеното издание за 20,1 проценти.
Нето добивката на компанијата изнесува 32,2 милиони долари, во однос на 406.000 долари лани.
Сепак, вкупните приходи од рекламите се намалиле за 9 отсто. Месечната претплата на електронското издание на весникот е околу осум долари.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок