Свет
19. March 2016 - 19:15

„Њујорк Тајмс“: САД ги зголемија нападите врз ИД во Авганистан

Во претходните два месеци САД значително го зголемија бројот на напади во Авганистан, во рамки на стратегијата за засилување на борбата против џихадиситчката група Исламска држава (ИД), објави американскиот весник „Њујорк Тајмс“. 

Весникот посочува дека во текот на јануари и февруари оваа година американските беспилотни летала и авиони-ловци истрелале 251 бомби и ракети врз цели во Авганистан, што е три пати повеќе во споредба со истиот период лани.

- Зголемниот број напади се резултат на одлуката на (американскиот) претседател Барак Обама од почетокот на годината, со која на армијата и е дадена поголема слобода за извршување акции против џихадистите, кои презедоа контрола на територии во неколку провинции, вклучително и во области на регионот Тора Бора, каде извесно време се криеше и лидерот на Ал Каеда, наведува весникот.

Сепак, според „ЊУјорк Тајмс“, и покрај зголемниот број напади и нанесените тешки удари на џихадистите, авганистанските и американските воени команданати и натаму изразуваат стравување околу безбедностаа состојба во Авганистан, пред се поради зајакнувањето на талибанците.

Весникот потенцира дека во моментов авганистанските талибанци се посилни од кога и да било по 2001 година и располагаат со меѓу 20 и 40 илјади борци, што е за околу 20 пати повеќе во однос на бројот на поддржувачи на ИД во Авганистан.