Свет
2. January 2018 - 10:47

„Њујорк Тајмс“: Ким сака да предизвика раздор меѓу САД и Јужна Кореја

Новогодишното обраќање на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во кое најави дека Пјонгјанг во 2018 година ќе започне со масовно производство на нуклеарно оружје и интерконтинентални ракети, претставува негова нова стратегија за иницирање преговори со Сеул и за предизвукување раздор меѓу Јужна Кореја и САД, оценува весникот „Њујорк Тајмс“. 

Според весникот, Ким сака да ги искористи видливите тензии во односите меѓу претседателите на САД и Јужна Кореја, Доналд Трамп и Му Џае-ин, па повикува на итен дијалог меѓу Пјонгјанг и Сеул пред почетокот на Зимските олимписки игри, што ќе се одржат во февруари во јужнокорејскиот град Панмунџом.

Њујоршкиот дневник наведува дека односите меѓу децениските сојузници САД и Јужна Кореја последниве месеци се влошија токму поради различните ставови околу односот кон Пјонгјанг.

Мун Џае-ин

Либералот Мун сака економско и дипломатско отворање кон Северна Кореја, додека Трамп упорно се залага за засилен притисок врз Пјонгјанг и зајакнување на санкциите. Последниве месеци Мун ги налути Трамп и неговите советници со изјавата дека тој има право да стави вето на сите преветивни воени акции на САД против северникорејската нукеларна програма, наведува „Њујорк Тајмс“. 

Според весникот, Ким досега целосно го игнорираше Мун, кога севернокорејските медиуми го нарекуваа „безрбетен потрчко на САД“, но драстичната промена во тонот и политиката на Северна Кореја за билатерлани преговори со нејзиниот јужен сосед, укажуваат дека севернокорејскиот лидер гледа шанса за ги продлабочи разликите меѓу Сеул и Вашингтон.

„Њујорк Тајмс“ смета дека Пјонгјанг очекува оти САД нема да можат да вршат поголем притисок врз Северна Кореја, доколку не добијат согласност од нивните јужнокорејски сојузници.

Ким Џонг ун

- Таа партија гамбит може да даде резултати. Само неколку часа по обраќањето на Ким, кабинетот на Мун го поздрави предлогот на Пјонгјанг, што може да ги зголеми уште повеќе тензиите во односите со САД, заклучува весникот.

Ставот на Мун упатува на заклучокот дека е можна поголема улога на двете корејски држави во решавањето на нуклеарната криза, што е спротивно на мислењето на Трамп дека преговори се можни дури откако ќе има видливи докази оти Северна Кореја се откажува од нуклеарните и ракетните тестови и дека крајна цел на преговорите треба да биде уништување на севернокорејскиот нуклеарен потенцијал, смета „Њујорк Тајмс“.

- Мотивите на Ким можеби лежат во желбата за намалување на меѓунардоните санкции, кои според расположливите информации, веќе предизвикуваат последици. Јужнокорејскиот претседател пак смета дека е помалку веројатно оти Севена Кореја ќе ја попречи Зимската олимпијада, ако на неа учествуваат и севернокорејски спортисти, додава њујоршкиот весник.

Северна Кореја ракети

Според „Њујорк Тајмс“, сепак главно прашање е дали приодот на Ким ќе даде разултат, имајќи пред вид дека Вашингтон и некои кругови во Сеул инсистираат прво на намалување на тензиите, па дури потоа на олеснување на санкциите.

- Мун се надева на пауза во нуклеарните тензии за време на Зимските олимписки игри и оти тоа по инерција ќе може да доведе до почеток на преговори со Северна Кореја, во кои подоцна би се вклучиле и САД, Кина и Русија. Но, токму тука несогласувањата меѓу Јужна Кореја и САД може да предизвикаат неуспех - бидејќи ореговорите би можеле да доведат до задржување на сегашниот статус кво, што Трамп веќе го оцени како неприфатливо, заклучува „Њујорк Тајмс“.