Свет
15. January 2020 - 12:07

„Њујорк тајмс“ го мина прагот од пет милиони претплатници

Весникот „Њујорк тајмс“ ја мина границата од пет милиони претплатници главно заради новото зголемување на портфолиото на онлајн претплатници, соопшти денеска весникот.

Во текот на 2019 година весникот доби дополнителни милион претплатници само за своето интернет издание, што е рекорд на „Њујорк тајмс“, што својата онјалн понуда со наплата ја почна во 2011 година

Весникот сега има 3,4 милиони претплатници само за своето интернет издание, речиси 900.000 за печатеното издание, а остатокот доаѓа од специјализираните производи, како што е платформата за готвење (NYT Cooking) и крстозборката (NYT Crossword).

Цел на весникот е до 2025 година да достигне 10 милиони претплатници, од кои два милиона во странство.

„Њујорк тајмс“, исто така, денеска соопшти дека ја достигна целта од 800 милиони долари промет за интернет изданието, една година пред планот.