„Њујорк тајмс“, АП и „Вашингтон пост“ добитници на Пулицеровата награда
Весникот „Њујорк тајмс“ ја освои Пулицеровата награда за меѓународна репортажа, агенцијата Асошиејтид прес беше одликувана за новинарство во служба на општеството, а весникот „Вашингтон пост“ победи во категоријата за национална репортажа.
Пулицеровите награди се највисокото одликување во американското новинарство. Оваа година тие беа доделени по стотти пат. Церемонијата на прогласување на наградите се одржа во униврзитетот Колумбија.
„Њујорк тајмс“ освои Пулицер за најдобра меѓународна репортажа, посветена на тешката положба на жените во Авганистан.
АП ја доби Пулицеровата награда за новинарство во служба на заедницата за истражување на злоупотребата на работната сила во индустријата за морска храна на Тајланд.
„Вашингтон пост“ беше одликуван за национална репортажа за создавање на националната база на податоци за тоа колку често и зошто полицијата на САД стрела и убива.
Агенцијата Ројтерс и „Њујорк тајм“ победија во категорија за фотографија за ивестување на акутелен настан за фотографии за мигрантската криза во Европа и на Блискиот Исток.
Весникот „Лос Анџелес тајм“ освои Пулицер за известување на актуелен настан поврзан со терористичкиот напад во американскиот град Сан Бернардино.
Весниците „Тампа Беј тајмс“ и „Сарасота хералд-трибјун“ беа наградени за истражувачко новинарство за историјата на психијатарските болници во Флорида.
Во категориите од областа на уметноста, мјузиклот „Хамилтон“, во кој се прераскажува историјта на еден од основачите на САД, Александар Хамилтон, освои Пулицер за драма.
Романот „Симпатизер“ на Виен Тан Хгуен, поврзан со Виетнамската војна, беше одликуван во категоријата белетристика.
Книгата „Црните знамиња: воздухот на ИД“ на Џоби Ворик освои награда за документарна литература.
Пулицеровата награда го носи името на американскиот издавач Џозеф Пулицер. Таа е основана во 1917 година и се доделува во 21 категорија.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово