Свет
3. January 2018 - 8:17

Њујорк ќе постави метални прегради за да спречи напади со возила

Градските власти во Њујорк планираат да постават стотици прегради за спречување терористички напади со возила.

Одлуката доаѓа по серијата такви напади во Европа, како и по нападот во октомври во Њујорк, во кој исламист од Узбекистан усмрти осум пешаци.

- Во 2017 година жителите на Њујорк беа сведоци на ужасната подготвеност на луѓе да не повредат, во метрото, на велосипедските патеки или на Тајмс сквер. Знаеме дека треба да вложиме дополнителни напори за да ги заштитиме луѓето и затоа ги одбравме најдобрите начини за обезбедување на нашите улици, изјави градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.

Предвидено се вкупно метални 1.500 прегради кои ќе бидат поставени на Тајмс сквер и на десетици други локации, а целиот проект ќе чини околу 50 милиони долари.