Здравје
25. January 2019 - 14:09

„Њу сајентист“: Причината за Алцхајмеровата болест најверојатно е откриена

Причината за Алцхајмеровата болест, како што пишува „Њу сајентист“, најверојатно, е пронајдена. Тоа се бактериите Porphyromonas gingivalis, кои се клучни причинители кај повеќето хронични заболувања на мозокот.

Добрата вест е дека лекарство кое ги блокира основните токсини на бактеријата, ќе биде подложно на клинички тестирања годинава. А, истражувањата објавени на 23 јануари 2019 во списанието „Сајенс адвенс“ покажуваат дека лекот може да го запре, па дури и да го преобрати процесот на развојот на Алцхајмеровата болест. Тоа може да значи и создавање вакцина…

Имено, научен тим од Мелбурн веќе разработил експериментална вакцина против Porphyromonas gingivalis, којашто веќе мина дел од тестовите во 2018 година.

Една вакцина против заболувањата во мозокот е добредојдена, но ако таа дејствува и против Алцхајмеровата болест, придобивките ќе бидат огромни.