Македонија
15. April 2019 - 13:06

Низ три држави со велосипед за шест часа

Деветмина велосипедисти од повеќе македонски градови за шест часа часа и 27 минути возеа низ три држави поминувајќи вкупно 208 километри. Маратонскиот подвиг го започнале во неделата од 9 часот и 30 минути од Дојран заминувајќи за Грција. Таму го заобиколиле езерото Керкини на пат кон Бугарија. Во Бугарија стигнале до Петрич од каде потоа се движеле назад кон Дојран.

– Ние сме пријатели велосипедисти кои редовно возиме барем по 100-тина километри дневно, а вака за викенд и повеќе. Овој пат се решивме на ваква трикратна дестинација и да поминеме низ трите држави. Временските прилики беа добри половина од вкупното време. Три часа беше сончево, додека за крајот од Петрич кон Дојран 90 километри или три часа возевме постојано под дожд. Направиме паузи на граничните премини, каде пиеме кафе и се освежвувме, изјави Сенад Идризи од Тетово, еден од велоспедистите.

Нивните мерни инструменти покажале дека се движеле со просечна брзина од 33/24 километри на час. Петмина од групата се од Тетово, тројца од Скопје и еден од Гевгелија.