Македонија
3. July 2019 - 8:52

Низ скопските улици 50-тина возачи возеле брзо, а 18 биле без возачка дозвола

Четири лица се полесно повредени во четири сообраќајки од вкупно осум што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Според билтенот на СВР Скопје, побрзо од дозволената брзина возеле 51 возач, а под дејство на алкохол биле двајца возачи. Исклучени од сообраќај се и 18 возачи кои немале возачка дозвола, еден возач почетник, како и 18 нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција издала 54 казни, а поради непрописно паркирање подигнати се 68 возила со специјалното возило „пајак“.

Дневниот билтен на скопската полиција покажува дека се евидентирани и 10 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и двајца возачи кои не носеле сигурносен појас.