Свет
13. November 2018 - 15:15

Низ пепелта ги собираат јагленисаните тела: 42 лица загинати во пожарите во Калифорнија, најголема катастрофа во историјата на САД

Најмалку 42 лица загинаа во пожарите кои беснеат на северот од Калифорнија, поради што тие се прогласени за најсмртоносни во историјата на таа сојузна американска држава.

Шерифот на округот Бјут Кони Хорн очекува да се зголеми бројот на жртвите, зошто за исчезнати се пријавени стотици лица.

 
 

„Сакам да пронајдеме што е можно повеќе тела. Затоа што знам колку страдаат нивните блиски“, рече шерифот.

Лиса Џордан помина 1.000 киломтери за да дојде во потрага по својот вујко и вујна која страда од мултиплекс склероза. Никој не знае дали можеле да се евакуираат, наведува агенцијата.

-Се надевам до крај, рече Џордан за АП.

Официјални лица моментално ја утврдуваат причината за огнената стихија која ја зафати Калифорнија.