Нивото на водата на Преспанското Езеро зголеменo за 19 сантиметри
Нивото на водата во Преспанското Езеро е зголемено 17 до 19 сантиметри по последните врнежи од дожд и снег, кои го зафатија регионот на Преспа. Водостојот, денеска, како што информира градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, е 516 сантиметри под нултата кота, која е на 847,60 метри согласно водомерната летва во село Наколец.
– Состојбата е алармантна. Тоа е резултат на многу фактори, кои влијаат директно или индиректно на хидролошката состојба, како и со природното богатсво, видовите и живеалиштата, познати не само на локално и национално ниво, туку и во светски рамки, изјави Гошаревски за МИА.
Причините за лошата состојба во која се наоѓаЕезерото ги гледа во човечките актвиности, климатските промени, истекувањето и неодржливото користење на водите во регионот, особено за водоснабдување и за наводнување на се поголемети површини различни земјоделски култури.
За надминување на состојбата, на барање на Општина Ресен беше формирана експертска работна група од научни институции и претставници на министерствата за животна средина и просторно планирање и за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои изготвија Акциски план.
– Потребни се конкретни долгорочни мерки и активности со точно дефинирана рамка за реализација, финансиска рамка со реален буџет и име на институција од која ќе се финансира конкретната активност. И најбитно е да се врши одржлива приоритизација на предложените активности, посочи Гошаревски.
Проблемот со водостојот на Преспанското Езеро, смета дека треба да се разгледува во рамките на одржливото управување со водите во Езерото и сливното подрачје со акцент на прекуграничното управување.
– Што побрзо мора да функционира управувачката структура на Преспа парк, за проблемот да се разгледува интегрално и одржливо, потребни се научно-истражувачки анализи од кои ќе произлегуваат мерките и активностите, финансиските средства и секако итно донесување план за управување со споменикот на природата Преспанско Езеро, истакна градоначалникот.
Долгорочните мерки од акцискиот план, додаде, вклучува испитување каде истекува водата преку планината Галичица во Охридското Езеро, истражување кое е правено пред 20 години, како и вклучување соседните држави во процесот за спас на Преспанското Езеро, а со краткорочните мерки пак, е предвидено чистење на плажите.
Ново на Сител
-
Француз почина откако се препил вода
-
Повеќето земји во Европа воведуваат или го продолжуваат затворањето
-
Лесна победа на Еурофарм Пелистер над Татран Прешов
-
Пораст на бројот на заразени од коронавирус во регионот, најтешка состојбата во Унгарија
-
Италија ги заостри мерките во пет од дваесет региони
-
Зоран Заев единствен кандидат за нов претседател на СДСМ на внатрепартиските избори на 21 март
-
СДСМ: Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, над 80.000 членови ќе можат да гласаат на првите внатрепартиски избори
-
Побаран притвор за две лица кои фрлаа предмети и камења кон полицајците на протестот за „Монструм“