Македонија
8. March 2019 - 10:56

Нивото на Треска пет пати пониско од просекот за март

 Пет пати пониско од просекот за март е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, додека на Црн Дрим кај Ложани е намалено за нешто повеќе од четири пати, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Тројно помали се Вардар кај Јегуновце, Лепенец кај Скопје и Сатеска кај Ботун, а преполовени нивоа бележат Крива Река кај Крива Паланка, Црна кај Новаци, Вардар кај Велес и Брегалница кај Штип.

Водостоите на Преспанското, Охридското и Дојранското езеро се околу просекот.