Македонија
3. September 2018 - 12:07

Нивото на реките над просекот за септември

Нивото на реката Вардар е над просекот за септември кај Јегуновце, Скопје и Велес, додека реката Пчиња кај Катлановска Бања е речиси двојно под просекот за септември. 

Вардар кај Јегуновце покажува двојно покачување, додека кај Велес е само на два сантиметри над просекот за септември.

Според денешните хидролошки мерења на УХМР, зголемувања на водостоите се измерени и на Треска кај Македонски Брод, на Брегалница кај Штип, на Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани.

УХМР евидентира и намалувања, на Крива Река кај Крива Паланка и на Брегалница кај Берово. 

Кај сите природни езера е евидентиран зголемен водостој над договорената квота. Измерената температура на водата на Охридското и Преспанското Езеро е 23,5 степени, а на Дојранското Езеро 27,4 степени.