Македонија
11. March 2017 - 10:08

Нивото на Охридско Езеро девет сантиметри над дозволениот минимум

Нивото на Охридско Езеро е девет сантиметри над дозволениот минимум, соопшти УХМР.

Според неделната хидролошка состојба, водостоите на реките Вардар кај Јегуновце, кај Скопје, кај Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип, Струмица кај Сушево, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун, се под просекот за март.
 
Драстично пониско е нивото на Црн Дрим кај Ложани, се движи меѓу 31 и 41 сантиметар наспроти мартовскиот просек од 127 сантиметри, покажуваат податоците за водостоите измерени изутрина во 7:30 часот.