Македонија
30. January 2020 - 10:52

Нивоата на реките под јануарскиот просек

Речиси четири пати пониски од просекот за јануари се нивоата на реката Сатеска кај Ботун и на Црна Река кај Новаци, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, водостоите на сите реки се под просекот, а на повеќето се преполовени.

Намалувања бележат и нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро.