Џет-Сет
24. November 2016 - 18:42

Нивниот брак траеше само 5 ипол месеци: Вака денес изгледа поранешната сопруга на Дадо Полумента!

Популарниот пејач и убавата учителка по веронаука Селма Мекиќ се венчаа на 12 декември 2012 година во Нови Пазар, а на свадбената веселба присуствувал и неговиот вонбрачен син Доријан кој го доби со Ана Марија Кикош. По пет ипол месеци брак, Дадо Полумента одлучил да го раскине бракот со Селма која растела по исламски обичаи, а причина е неговото враќање на ноќните излегувања што се косат со нејзиното размислување, но и вера.

-Откако ја запозна Селма, Дадо навистина проба да ги прекине старите навики, да се посвети на бракот, да ги избегнува излагањата и се што оди со нив затоа што бил заљубен. Меѓутоа, во последно време повторно излегува и тоа направи проблеми во нивниот брак. Селма тоа би го толерирала ако не искочеа во медиумите фотографии на кои нејзиниот сопруг е опкружен со девојки, изјавил пред три години извор близок на парот.

Како што со Селма имал „шеријатска“ забава која исклучува бакнување, допирање, секс и излегувања, Дадо предходно изјави дека од наведеното ништо не му недостасувало.

-Мене тоа ми е сосема нормално и ништо од набројаното не ми недостасува. Доволно ми е само Селма да е покрај мене, да и го слушам гласот. И тие две работи се подобри од се што набројавте, изјави Дадо додека беше со Селма, додека таа зборувала дека на почетокот не знаела дека тој всушност е Дадо Полумента.