Живот
6. September 2017 - 21:44

Нивната љубов го трогна целиот свет: Првпат по ужасната несреќа стана од количката да ја бакне сопругата

Откако двапати се врати жив и здрав од пеколот во Ирак, американскиот маринец Џонатан Грант (32)  доживеа тешка сообраќајна несреча во близина на својот дом во Северна Каролина.

Пролетва поради тешка повреда на главата падна во долготрајна кома во која беше 61 ден.

Неговата сопруга Лаура (32) сето ова време бедеше над него и ден и ноќ. Откако се разбуди Џонатан мораше се да учи од почеток, и одење и стоење и говор, но и бакнување.

Со помош на физијатар, тренер и болничкиот персонал, малку по малку ги совладуваше тие дејства. Лаура со него беше во болница по 10 часа дневно и дополнително го мотивираше да се опорави. Со своите присуство им помагаше на тренерите, докторите и сестрите. Својот сакан го мотивираше да стане од количката, да му ги подаде рацете и да ја бакне.

Во брак се од 2012 година, а несреќата се случи околу нивната петта годишнина од бракот. Лаура е инструкторка по пилатес, но поради неговото опоравување мораше да ги паузира работите во своето приватно студио.

Секој напредок на нејзиниот сопруг таа го бележ на својот Инстаграм профил. Снимката од нивниот бакнеж стана вирална, а младата двојка го воодушеви интернетот со својата љубов и посветеност.