-->
-->
Ниту МОН ниту ЗЕЛС не знаат во кои општини ќе има целодневна настава
-->
Ниту министерката Царовска, ниту претседателот на ЗЕЛС, Шилегов не знаат во кои општини ќе има целодневна настава за учениците во основните школи.
Министерката рече дека тоа е работа на општините и тие треба да кажат дали кај нив ќе има целодневна настава.
Шилегов, пак, рече дека не треба да се гледа на број на општини, туку на број на училишта.
Шилегов вели дека скопските училишта немаат големи проблеми со онлајн наставата, но рече дека можни се повремени застои од технички причини.
Вели дека засега нема дојава до градот за професори во средните училишта кои немаат соодветна ИТ опрема за онлајн настава, но уверува дека Градот уште пред почетокот интервенирал таму каде што имало потреба.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија