Ниту еден хидрант во „Глобал“ не бил во функција, потврдија пожарникарите кои го гасеа огнот
Натчовечки напори вложија струмичките пожарникари и нивните колеги синоќа за локализирање на пожарот во трговскиот центар „Глобал“ во центарот на Струмица. Огнот којшто зафати голем дел од внатрешноста на објектот им оневозможувал на пожарникарите да влезат и одвнатре да реагираат, бидејќи според првичните информации, огнот тргнал некаде од задниот влез што се користи за дотур на стока. Затоа, биле принудени да кршат стакла на првиот кат на објектот и оттаму да влегуваат, но и на неколку локации од надворешниот дел, особено откај катната гаража, којшто не беше во пламен, пишува канал ВИС.
Сепак, внатре имале нов проблем. Ниту еден хидрант од повеќето поставени во обејктот не бил во функција, односно немал вода. Иста е ситуацијата и со хидрантите во градот. Тие пак, се нефункционални. Вентилите на хидрантите во градот не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучоците коишто ги користат струмичките пожарникари, па според тоа, и тие се бескорисни. Ваквите услови ги принудиваат пожарникарите да се враќаат до пожарната и да полнат вода, што ги забавува и трошат драгоцено време.
Објектот, за жал, се уште не е целосно безбеден од нов пожар и ќе мора да се чува уште некој ден. Велат дека ги разбираат реакциите на граѓаните, но, дека е потребно да се запознаени со целата ситуација за да ги согледаат правилно настаните. Не се навредени од коментарите, велат, затоа што тие знаат дека дале се од себе и работеле професионално.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто